Почина напаѓачот од Краков: Осомничениот за убиството на шест лица им подлегна на повредите

Дваесет и четиригодишниот Михаł Оксињски починал утрово во болница, откако беше тешко ранет во престрелка со полицијата. Тој беше осомничен и за убиството на татка си, мајка си и сестра си
epa13360600 Police and rescue personnel on the Main Market Square in Krakow, Poland, 07 November 2026. Gunshots were fired in the center of Krakow in the afternoon. An Air Rescue helicopter landed at the scene. According to initial reports, there are victims and injured people. EPA/Art Service POLAND OUT

Дваесет и четиригодишниот Михаł Оксињски, осомничен за масовното убиство во центарот на полскиот град Краков, починал рано утрово во болница од последиците на тешките повреди здобиени во престрелка со полицијата. Неговата смрт ја потврдила локалната полиција, објави „Индекс“.

Во нападот, што се случи во саботата, 7 ноември, на главниот плоштад во Краков, загинаа шест лица, а 15 беа повредени. Оксињски со автомобил пристигнал на плоштадот и почнал да пука во случајни минувачи, туристи и таксисти. Жртвите биле на возраст од 32 до 61 година, а меѓу загинатите имало и странски државјани.

Во воена опрема пукал кон полицајците

По интервенцијата на полицијата започнала потера по црниот автомобил „Субару“ со кој се движел осомничениот. На една крстосница тој се судрил со друго возило, по што излегол од автомобилот облечен во воена униформа, со шлем, маска и тактички елек, и отворил оган кон полицајците.

Во престрелката биле тешко повредени двајца полициски службеници. Еден од нив, и покрај сопствените повреди, успеал да го совлада и да го застрела напаѓачот. Оксињски бил пренесен во болница во критична состојба, каде што утрово починал.

Убиени и неговите родители и сестра

Во текот на истрагата полицијата открила уште едно тројно убиство во семејниот дом на осомничениот во неговиот роден град Островјец Швјентокшиски, оддалечен околу 150 километри од Краков.

Таму биле пронајдени телата на неговите татко, мајка и 21-годишна сестра. Според досегашните сознанија на истражителите, тројцата биле убиени со огнено оружје. Полското обвинителство соопшти дека доказите упатуваат на тоа дека истото лице стои зад убиствата во семејниот дом и нападот во Краков.

Истрагата се води како терористичко дело

Полското обвинителство го истражува нападот во Краков како терористичко кривично дело. Во претресите во Краков и Островјец Швјентокшиски биле пронајдени и одземени 11 парчиња огнено оружје и поголемо количество муниција.

Полскиот министер за внатрешни работи, Марчин Кјервински, претходно изјави дека осомничениот најверојатно дејствувал сам и дека бил приврзаник на крајнодесничарски и ултранационалистички идеи.


Оксињски немал претходно полициско досие. Според полските медиуми, редовно одел на стрелиште со својот татко.

е-Трн да боцка во твојот инбокс