Нова ескалација на Блискиот исток, Хутите со поморска блокада на Саудиска Арабија

„Прогласуваме поморска блокада на злосторничкиот саудиски непријател, врз основа на принципот „око за око“ изјавија Хутите

Јеменската бунтовничка група Хути, поддржана од Иран, прогласи поморско ембарго против Саудиска Арабија откако двете страни разменија оган минатата недела за прв пат по години.

„Прогласуваме поморска блокада на злосторничкиот саудиски непријател, врз основа на принципот „око за око, заб за заб“, што стапува на сила веднаш по објавувањето на ова соопштение“, изјави портпаролот на војската на Хутите, Јахја Сари, според Ал Џезира .

Хутите минатата недела испукаа ракети кон Саудиска Арабија, обвинувајќи го Ријад за бомбардирање на аеродром под нивна контрола, со што го прекршија четиригодишното примирје меѓу Саудиска Арабија и групата.

Ова беа првите напади за кои одговорноста ја презедоа Хутите против Саудиска Арабија откако неофицијалното примирје стапи на сила во март 2022 година, по нападите на Хутите врз саудиската енергетска инфраструктура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс