Мексиканскиот инфлуенсер на социјалните мрежи Сезар Гастелум (Сезар) беше убиен во вторник за време на емисија во живо што ја водеше со пријатели пред ресторан за брза храна во северозападниот град Кулијакан, соопштија локалните власти.
Гастелум, кој имаше околу 600.000 следбеници на „ТикТок“ и беше познат по своите хумористични видеа, емитуваше во живо пред ресторан за брза храна кога му се приближија две лица на мотоцикл, двајцата носејќи кациги.
На снимката од емитувањето, која ја виде британската новинска агенција Ројтерс, мотоциклистот пука директно во Гастелум.
Службеник за безбедност во државата Синалоа ја потврди смртта на Гастелум и рече дека е во тек голема безбедносна операција.
Убиството се случи во услови на континуирано насилство во Кулијакан, главниот град на Синалоа, кој е во центарот на конфликтот меѓу соперничките фракции на организираниот криминал кои се борат за контрола на пазарот.
Пукањето, исто така, потсети на убиството на мексиканската инфлуенсерка Валерија Маркез во мај 2025 година, која беше убиена за време на емитување на TikTok во салонот каде што работеше во Запопан, во западната држава Халиско.
Маж влегол во салонот и ја застрелал, нанесувајќи ѝ смртоносни повреди.