Линијата 35 ги поврза Радишани и Ново Лисиче

Продолжувањето на линијата 35 следува по воведувањето на линијата 37, која од 17 август ги поврзува Радишани и Карпош 3
Фото: Трн.мк

Жителите на Бутел и Аеродром од 30 септември добија директна автобуска врска со продолжувањето на линијата 35 до Радишани. Автобусите сега сообраќаат меѓу Радишани и Ново Лисиче, овозможувајќи патување меѓу двете населби без прекачување.

Од Општина Бутел информираа дека продолжената траса ќе го олесни секојдневното движење на граѓаните и ќе ја подобри поврзаноста меѓу двата дела на Скопје. Реализацијата е во соработка со Град Скопје и ЈСП.

Продолжувањето на линијата 35 следува по воведувањето на линијата 37, која од 17 август ги поврзува Радишани и Карпош 3.

Со двете линии, жителите на Радишани добија повеќе можности за директно патување со јавниот превоз кон други скопски населби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс