Search

Летото 2023 со температури кои не се забележани 2000 години наназад

Летото 2023 година е забележано како најтоплото во екстратропските региони на северната хемисфера во последните 2.000 години, според студија објавена во Naturе.

Температурите на земјиштето во овој дел на северната хемисфера беа 2,07 степени Целзиусови повисоки во летото 2023 година, споредено со температурите помеѓу 1850 и 1900 година. Истражувачите анализираа температури од јуни до август користејќи мерења од илјадници метеоролошки станици во екстратропскиот регион на северната хемисфера.

Истражувачите потрошиле месеци собирајќи примероци од прстените на дрвјата за да ги споредат со девет од најдолгите температурно чувствителни хронологии на дрвја. „Прстените на дрвјата се единствен начин преку кој може да се обезбеди годишна реконструкција на температурата“, изјави Јан Еспер, професор по климатологија на Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц, Германија, и главен автор на студијата.

Овие набљудувања им овозможуваат на научниците целосна слика за природната климатска варијабилност, објасни Еспер. Иако податоците покажуваат шанси за екстремни лета пред индустријализацијата, речиси секоја студена година може да се припише на вулкански ерупции.

Макс Торбенсон, научен соработник на Универзитетот Јоханес Гутенберг и коавтор на трудот, изјави дека примероците нудат добра просторна претстава во однос на географската должина, но имаат ограничувања во географската ширина.

Иако резултатите не се применливи на глобално ниво, тие покажуваат неспоредливата природа на денешното затоплување и потребата од итна акција за намалување на емисиите на стакленички гасови, истакнуваат авторите.

Неколку извештаи укажуваат дека 2023 е најтоплата година досега. Европската служба за климатски промени, Коперник, секој месец во 2024 година досега го прогласува за најтоплиот во запишаната историја. Земјата забележа 11-месечна серија на рекордни глобални температури, а април 2024 беше најтоплиот април некогаш забележан.

Извор: https://abcnews.go.com/US/temperatures-measured-summer-2023-unparalleled-past-2000-years/story?id=110171017

Најново

Последни колумни