Нов извештај на Европската агенција за животна средина открива кои земји имаат најчисти плажи, езера и реки во Европа, со Кипар на прво место и високи оценки за Грција, Бугарија и Австрија.

Кипар и Грција на врвот: ова се европските земји со најчисти води за капење во 2026 година

Кипар е прогласен за земја со најчисти води за капење во Европа во 2026 година, според најновиот извештај на Европската агенција за животна средина (EEA), кој опфаќа повеќе од 22.000 локации низ целиот континент.

Според анализата, сите следени места за капење на Кипар добиле оценка „одличен квалитет“, што го става островот на прво место во Европа кога станува збор за чистота на морската и крајбрежната вода. Веднаш зад него се наоѓа Грција, која бележи исклучително висок процент на чисти плажи, и покрај огромниот број острови и туристички зони. На трето и четврто место се Бугарија и Австрија, кои исто така имаат над 95% од водите оценети како „одлични“.

Извештајот на ЕЕА, изработен во соработка со Европската комисија, покажува дека дури 96% од сите европски води за капење ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет, додека 85% се оценети со највисока оценка.

Меѓу најдобрите десет се и Луксембург, Данска, Германија, Италија и Малта, додека Хрватска оваа година бележи пад на 12-то место поради послаби резултати на внатрешните капалишта.

На дното од листата се Албанија, Полска, Унгарија, Белгија и Естонија, каде дел од локациите не ги исполнуваат највисоките стандарди за чистота. Иако морските плажи генерално имаат подобри резултати од реките и езерата, извештајот потврдува дека Европа и понатаму останува една од најбезбедните и најчисти региони во светот за пливање и рекреација во вода.

е-Трн да боцка во твојот инбокс