Kanye West, Drake & The Weeknd, Nirvana – низ нотите на вештачката интелигенција

Развојот на вештачката интелигенција изминатата година претежно беше фокусиран на искористување на технологијата за поместување на границите на креативноста. Од неколкуте алатки за создавање на хипер-реалистични фотографии, до развојот на „дип-фејк“ видеата. Но тоа што навистина зема замав изминатите месеци е користењето на вештачка интелигенција за создавање на музика.

Иако ваквите алатки се се уште далеку од моментот кога би ја замениле креативноста на луѓето, сепак тие го привлекоа вниманието на многумина и дефинитивно се предизвик со кој ќе се соочува човештвото во иднинте години.

Песни креирани со вештачка интелигенција веќе може да се сретнат во секое ќоше на интернетот. Креторите веќе создаваат песни, кавери и „соработки“ помеѓу ѕвезди кои во реалноста не би се случиле.  Доколку се занемари проблемот со авторските права и кон креираните музички дела се пристапи само од уметнички аспект, дел од нив звучат навистина убедливо, додека дел се ужасни. Музичките критичари вработени во VICE преслушаа некои од најпопуларните песни кои се вратат по интернет и го рангираа нивниот квалитет.

Kanye West – Untitled

Овој обид за креирање на песна со вештачка интелигенција стана вирален затоа што е невозможно да не се воодушевите од тоа колку звучи како Канје да потрошил приближно осум секунди за да го сними стихот. Сепак, Роберто Никсон нашол основа во стилот на Канје, напиша стих, тој го изведе и потоа со помош на вештачка интелигенција неговиот глас го претвори во гласот на Канје.

https://twitter.com/rpnickson/status/1639813074176679938?s=20

Оценка: Во ред

Drake ft. The Weeknd – ‘Heart On My Sleeve’

Ова е уште една песна напишана од човек, но изведена од вештачка интелигенција. Гласот на Дрејк тука е одлично ископиран, иако можете да забележите дека не е вистински човечки глас од начинот на кој се бори со зборот „Бибер“. Додека гласот на The Weeknd иако звучи доста блиску, сепак може да се забележи дека не е вистинскиот.

Оценка: Добро

Nirvana – ‘Drowned in The Sun’

Оваа песна во стилот на „Нирвана“ е направена обратно: вокалите ги изведува имитатор на Курт Кобејн, но сè друго е создадено од вештачка интелигенција. И звучи неверојатно добро: музиката звучи како навистина да била напишана од членовите на „Нирвана“.

Оценка: Добро

Oasis – ‘AISIS’

Оваа песна има најмалку користено вештачка интелигенција. Вистински бенд – Бризер – напиша и сними куп песни во стилот на Оазис, а потоа користеа вештачка интелигенција за да го стават гласот на Лијам над гласот на нивниот пејач.  Елементот на вештачката интелигенција е дефинитивно импресивен сè додека не слушате премногу внимателно кога веројатно ќе препознаете дека гласот не е на Лијам Галагер.

Оценка: Во ред

Grimes – ‘In Another Life (feat GrimesAI)’

Грајмс од друга страна целосно ја прифати музиката креирана со вештачка интелигенција. Таа објави свој софтвер за вештачка интелигенција (Elf.Tech) за да им овозможи на корисниците да поставуваат свои вокали и да ги трансформираат во нејзини. Таа, исто така, нуди 50/50 од авторските права за сите песни што ќе добијат комерцијално издание, што е прилично разумно бидејќи во основа се бесплатни пари за Грајмс. „In Another Life“ е една од ретките вистински одлични песни креирани на овој начин и звучи како Грајмс од ерата на Visions.

Оценка: Добро

Taylor Swift – ‘Sex in My Room’

Луѓето најчесто користеле вештачка интелигенција за да ја натераат Тејлор да кажува погрдни зборови и да ја навредува Ким Кардашијан. „Sex in My Room“ е впечатлива по тоа што е вистинска песна, но е многу лоша. Веројатно напишана од некој кој само го ставил гласот на Тејлор со вештачка интелигенција.

https://soundcloud.com/alysonswiftbaby/taylor-swift-sex-in-my-room

Оценка: Лоша

Иако дел од песните креирани со вештачка интелигенција звучат добро, сепак технологијата е се уште далеку од издавање на хитови и освојување на топ листите. Но, тоа што не може цела песна да биде креирана од вештачка интелигенција се уште, не значи дека некои аспекти од оваа технологија нема да им помогнат на композиторите и аранжерите да ги подобрат нивните дела и од просечни песни, да направат вистински хитови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс