Програмата започнува во 13:00 часот со специјална проекција на 5 „EFA Shorts“ краткометражни филмови. Во 17:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се прикаже француската драма „Отфрлен“ (Forsaken) во режија на Винсент Гаренк, инспирирана од вистинскиот трагичен настан со наставникот Самјуел Пати и опасностите од онлајн линч-кампањите. Потоа, во 19:00 часот следи унгарскиот психолошки трилер „Чувство на дом“ (Feels Like Home) на Габор Холтаи, кој преку напната приказна за киднапирање ги истражува границите на личниот идентитет и преживувањето. Вечерната програма во 21:00 часот му припаѓа на сегментот Фокус со проекцијата на филмот „Ритам на животот“ (Life in a Beat) на авторката Америса Баста – меѓународна копродукција помеѓу Грција, Северна Македонија, Кипар, Бугарија, Црна Гора и Франција, која носи автентична приказна за изборите и борбата на една млада жена во современа Атина.
Неделната програма на Скопје Филм Фестивал 2026 носи богата репертоарска понуда, а публиката ќе има можност да проследи остварувања од Германија, Филипините и регионалната селекција. Програмата започнува во 17:00 часот со прикажувањето на германско-француската неконвенционална музичка комедија „Мизерна мајка“ (The Miserable Mother) на Зузане Хајнрих, која низ надреален хумор ги преиспитува притисоците на мајчинството и современото општество. Во 19:00 часот следи драмата „Тивки ноќи“ (Silenced Nights) во режија на Лоренс Фажардо (Филипини / Франција / Тајван), која преку преплетени судбини го документира институционалниот молк и борбата за правда за време на војната против дрогата во Манила. Вечерта завршува во 21:00 часот со проекција од програмата Фокус – психолошкиот трилер „Мраз“ (Frost) во режија на Павле Вучковиќ (Србија/ОК/Северна Македонија/Хрватска/Црна Гора), каде што актерската екипа предводена од Камка Тоциновски ја води публиката низ истрага преплавена со пагански митови и црна магија.
Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets. За целосната фестивалска програма, дополнителни информации и новости околу претстојните активности на фестивалот, посетете ја официјалната веб-страница sff.mk или следете ги официјалните профили на фестивалот на социјалните мрежи.
Основан во 1998 година, Скопје Филм Фестивал има повеќедецениска мисија да ја развива филмската култура и да ја поврзува домашната публика со современата светска кинематографија. Како препознатлив бренд и значајна платформа за авторски филм и нови уметнички изрази, фестивалот годишно привлекува меѓу 6.000 и 10.000 посетители, како и бројни домашни и странски филмски професионалци.
Од оваа година, фестивалот влегува во фаза на трансформација и осовременување на својата програмска структура и визуелен идентитет. Со нов меѓународен фестивалски совет и тим составен од истакнати професионалци од Европа и светот, Скопје Филм Фестивал се позиционира како водечки културен двигател во регионот и еден од темелните столбови во реализацијата на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“.Покровител на фестивалот е Град Скопје, а Партнер „А1 Македонија“. Поддржувачи на СФФ2026 се: „Титан Усје“, „Dalegovod“, „ЕВН“, „Гемак“, „Schweppes“, „Алхемист“, „Peyrassol“, „Valdo“, „АГНА Скопје“,
