Јаболко или круша – што е подобар избор за ужина?

Ако гледаме само на количината на влакна, крушата има мала предност. Но, разликата не е голема, а начинот на кој го јадеме овошјето може да биде подеднакво важен.

На 100 грама, свежата круша содржи околу 3,1 грам влакна, додека јаболкото со кора има околу 2,4 грама. Тоа значи дека крушата има мала предност, но и едното и другото овошје се добар извор на растителни влакна.

Една од најчестите грешки е лупењето на овошјето. Јаболкото со кора има околу 2,4 грама влакна на 100 грама, додека без кора количината паѓа на околу 1,3 грама.

Затоа, ако кората ви одговара, јадете го овошјето цело и добро измијте го.

Истото важи и за крушата.

Ако сакате повеќе влакна, целото овошје е подобар избор од процеден сок. При цедењето се губи значителен дел од влакната, а многу полесно е да испиеме сок од неколку овошки отколку да ги изедеме цели.

И крушата и јаболкото можат да придонесат за подобар внес на влакна, кои се важни за нормално функционирање на дигестивниот систем.

Но, кај чувствителните лица, особено оние со синдром на иритабилно црево, и двете овошја можат да предизвикаат надуеност и гасови, бидејќи содржат фруктоза и сорбитол.

Затоа не постои едно овошје кое е идеално за секого.

На возрасните им се потребни приближно 22 до 34 грама влакна дневно, зависно од возраста и полот.

Јаболкото или крушата можат да помогнат во достигнувањето на оваа количина, но не се доволни сами. Во исхраната треба да има и зеленчук, мешунки, интегрални житарки, јаткасти плодови и семки.

Ако барате овошје со малку повеќе влакна – крушата има предност. Но, ако повеќе го сакате јаболкото, слободно изберете го. Најважно е овошјето да биде дел од разновидна исхрана, а кога можете – јадете го со кора.

е-Трн да боцка во твојот инбокс