Израелската војска гради нова граница во Газа без да открие повеќе детали

Сателитски снимки покажуваат песочна бариера долга над 23 километри низ Појасот Газа, а ИДФ одбива да го открие крајниот план.

Израелската војска потврди дека гради голема песочна бариера која го дели Појасот Газа на два дела. Подрачјето под нејзина контрола, кое зафаќа помеѓу 50 и 70 отсто од територијата, физички се одвојува од зоните под контрола на Хамас. Потврдата дојде откако компанијата за сателитско снимање Planet Labs PBC забележала топографски промени и ги отстапила снимките на агенцијата АП, која прва ја објави веста.

Сателитските снимки покажуваат дека во последните неколку месеци се изградени над 23 километри бариера. Трасата се протега долж Појасот и често минува преку места на кои некогаш постоеле палестински населби, кои меѓувременно ги срушил ИДФ.

Појасот Газа е долг околу 40 километри, а на најширокиот дел широк 11 километри. Песочниот ѕид веќе покрива повеќе од половина од неговата должина. Засега не е познато дали ИДФ планира да изгради ѕид по целата должина на Појасот.

Нејасно е и дали целта е Хамас и повеќе од два милиони Палестинци да се стеснат на околу 30 отсто од територијата, каде што моментално се наоѓаат, или на 47 отсто, колку што му останало на Хамас по примирјето од октомври 2025 година.

Од ИДФ одбиваат подетално да ги коментираат димензиите, спецификациите или целите на новиот ѕид. Во последните месеци ИДФ постепено, без поголеми борби, го потиснал Хамас од линијата што опфаќала 47 отсто од територијата на онаа од 30 отсто. Израелската војска наведува дека тоа е одговор на фактот што Хамас не го започнал процесот на разоружување предвиден за почетокот на 2026 година.

Хамас, од своја страна, тврди дека неговата обврска за делумно разоружување е условена со израелска дозвола за барем делумна обнова на Газа. Мировниот одбор, телото задолжено за надзор на преговорите кон примирјето од октомври 2025, во овој спор во најголем дел го поддржувал ставот на Израел.

Од израелската војска изјавиле дека новата граница е осмислена за да им биде јасно на Палестинците во подрачјата под контрола на Хамас до каде смеат да се движат. Целта е и да се спречат обиди за инфилтрација во израелските погранични населби, кои на некои места се оддалечени само неколку километри.

Податоците на Planet Labs покажуваат дека делот од мрежата песочни ѕидови во јужна Газа само во периодот од 1 до 15 јули е продолжен за над два километра. Тој јужен дел од бариерата, кој порано бил долг околу 500 метри, сега се протега на 2,4 километри. Минува низ урнатините на Рафа, на самиот југ на Газа, од крајбрежните бегалски кампови во Ал-Маваси.

Во извештајот на АП се наведува дека бариерата, доколку градбата продолжи во истата насока, ќе се спои со најдолгиот постоечки дел од ѕидот, сегмент долг 17 километри, кој се протега речиси без прекин од Кан Јунис на југ до подрачјата во близина на градот Газа на север.

Иако Палестинците и дел од меѓународната заедница изразуваат стравување дека Израел планира долгорочно да го зазема теритoријата, ИДФ во текот на војната веќе неколку пати се повлекол од големи делови на Газа. Такви пресврти се случиле и по изградба на нови бази, како што беше случајот со повлекувањето од коридорот Мораг во почетокот на 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс