Изгубените минути – Колку време ни краде Скопје секој ден?

Десет минути во сообраќај, уште една обиколка за паркинг, пет минути во редица, седум на автобуска – малку по малку, денот ни се скратува за цел час

Скопје е град во движење. Но, понекогаш најмногу време поминуваме токму кога не се движиме никаде.

Утрото почнува со сообраќајниот метеж. Седите во автомобилот и гледате како колоната полека се придвижува, па повторно застанува. Десет минути. Петнаесет. Дваесет. Не возите, чекате.

Конечно стигнувате до дестинацијата, но приказната не завршува тука. Следува уште еден круг за паркинг. Па уште еден. Свртувате по соседната улица, барате слободно место, се враќате назад. Уште неколку минути исчезнаа.

А потоа доаѓаат оние мали чекања што речиси и не ги забележуваме.

Пет минути во супермаркет. Седум на автобуска. Неколку минути на семафор. Редица пред шалтер. Чекање додека некој пред вас заврши. Секое од нив изгледа премногу кратко за да се пожалиме. „Само пет минути“, си велиме. „Само уште малку.“

Но, минутите се собираат. Пет овде. Седум таму. Десет на друго место. И одеднаш, без да забележиме, еден час од денот едноставно исчезнал.

А што ако тие минути беа наши?

Еден час можеби не звучи многу во споредба со целиот ден. Но, еден час е и кафе испиено без брзање. Прошетка. Разговор со некого. Неколку страници од книга. Време за нешто што одамна го одложуваме.

Или едноставно, време во кое не мора да правиме ништо.

Токму од оваа едноставна идеја тргнува „The Lost Minutes“ – приказна за времето што секојдневно го губиме во скопскиот сообраќај, барањето паркинг, чекањето и сите оние мали застои што се дел од градското секојдневие.

Прашањето е едноставно: што би направиле ако дел од тие минути повторно беа ваши?

Со Wolt+, дел од времето поминато во секојдневните обврски може да го претворите во време за себе. За кафе. За прошетка. За луѓето што ви значат. Или за ништо посебно. Затоа што времето не исчезнува одеднаш.

Најчесто ни се губи минута по минута.

Вашето време вреди повеќе.

Wolt+ Weeks

WORTH IT

е-Трн да боцка во твојот инбокс