Уште неколку недели за пријава на проекти што носат промени преку платформата на dm

Организациите, здруженијата, институциите и образовните установи имаат можност до 31 јули 2026 година да ги пријават своите идеи на платформата „Иднина која инспирира“. Иницијативата на dm drogerie markt поддржува проекти со општествена вредност кои придонесуваат за поинклузивна, посолидарна и поодржлива заедница.

Остануваат уште неколку недели за пријавување на проектни идеи на платформата „Иднина која инспирира“, преку која компанијата dm drogerie markt поддржува иницијативи насочени кон создавање позитивни промени во заедницата.

Повикот е отворен до 31 јули 2026 година, а можност да аплицираат имаат организации, здруженија, институции, образовни установи и други правни субјекти кои развиваат проекти со општествено значење.

Платформата е создадена со цел да им овозможи на иницијативите кои нудат конкретни решенија за реални предизвици да добијат поддршка и да бидат реализирани. Проектите можат да се однесуваат на различни области, но заедничко за нив е стремежот кон подобрување на квалитетот на животот и развој на заедницата.

Меѓу веќе пријавените идеи е проектот „Нуркачка Еко Патрола“, кој се фокусира на истражување и мапирање на загадувањето со цврст отпад на вливовите на реките во Охридското Езеро. Преку професионални нуркачки активности, подводно снимање и анализа на состојбата, иницијативата има цел да придонесе за подобра заштита на езерскиот екосистем и подигнување на јавната свест за зачувување на природните богатства.

Друга иницијатива е „Women Rise Hub“, проект насочен кон зајакнување на жените преку едукација, дигитални вештини и претприемништво. Со обуки, менторска поддршка и можности за поврзување, проектот има цел да придонесе кон професионален и економски развој на жените.

Во областа на јазичната култура е проектот „Јазичната ризница на Македонија“, кој преку интерактивни содржини, активности во училиштата и градинките и вклучување на различни генерации го промовира богатството на македонскиот јазик и неговото зачувување.

Од dm посочуваат дека овие примери се само дел од пријавените иницијативи и покажуваат дека различни идеи можат да создадат значајни резултати кога се насочени кон потребите на луѓето и заедницата.

Компанијата ги повикува сите организации и институции кои имаат проектни идеи со општествена вредност да ја искористат можноста и да ги пријават своите иницијативи во рамки на платформата „Иднина која инспирира“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс