Search

Храната во продавниците ќе изгледа поинаку од 2030 година, еве што планира да воведе ЕУ

Европскиот парламент сака да воведе само обновливи пакувања до 2030 година со цел да се намали количината на отпад во Европа за најмалку 15 отсто до 2040 година, пишува Дојче веле.

Прво, тие сакаат да променат некои ситници кои предизвикуваат да се акумулираат неколку тони отпад секоја година. На пример, сите оние мини-пакети шеќер, зачини, кечап или путер што ги добиваме во хотелите од 2030 година повеќе нема да бидат дозволени доколку не се направени од чиста хартија.

Но, планираат да воведат промени и во продавниците – овошјето и зеленчукот што тежи помалку од 1,5 килограми повеќе нема да смее да се пакува во пластична амбалажа, а пластичните кеси за овошје и зеленчук во продавниците ќе станат минато.

Неколку исклучоци
Француските производители на сирење не се задоволни од оваа вест, бидејќи оваа одлука би можела да значи дека популарните сирења бри и камебер мора да ја променат својата дрвена амбалажа, што на овие сирења им дава воздух и свежина. Но, токму поради нив ЕУ стави неколку исклучоци на списокот, а во нив има и амбалажа од дрво и восок.

Најново

Последни колумни