Гужва на Евзони, за излез од Грција се чека над еден час

Според сведоштва на граѓани на социјалните мрежи, попладнево на Евзони за излез од Грција кон Македеднија се чека околу час и половина

Продолжениот викенд во Македонија завршува, а тоа по правило значи и големи колони за влез во државата особено од Грција.

Според сведоштва на граѓани на социјалните мрежи, попладнево на Евзони за излез од Грција кон Македонија се чека околу час и половина.

Колоната возила се протега од патарината па се до граничниот премин, а освен македонски, има доста автомобили со српски, унгарски и германски регистарски таблички.

Слично е и на Граничниот премин Дојран, додека најмалку гужви има на ГП Меџитлија каде за влез во Македонија не се чека повеќе од десеттина минути.

е-Трн да боцка во твојот инбокс