Голем пожар избувна нешто по 13 часот во областа помеѓу задарската населба Бокањац и депонијата во Дикло, јавуваат хрватските медиуми.
Воздухопловните сили, со дури четири хеликоптери, беа вклучени во гаснењето на пожарот. Пожарот бил ставен под контрола нешто пред 15:30 часот.
„По 15 часот, интензитетот на пожарот беше намален и неговото ширење беше запрено. Сè уште има отворен пламен и пожарот сè уште се гаси оперативно на терен“, соопшти командата на Јавната противпожарна служба на Задар, објави порталот 057.
Борова шума и ниска вегетација се запалија на тешко пристапен терен, а густ чад беше видлив од многу делови на Задар.
Покрај пожарникарите од Задар, во гаснењето на пожарот учествувале и припадници на противпожарната служба на Нин, а биле ангажирани и четири Канадери