Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 3 октомври, ќе има посебен сообраќаен режим поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
„На 03.10.2026 (сабота) со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Р.С.Македонија и Шкотска на арената ‘Тодор Проески’ во Скопје. Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот“ велат од МВР.
Тие апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонската репрезентација утре ја очекува нов предизвик во Лигата на нациите на УЕФА. По двата порази од Швајцарија и Словенија, избраниците на Гоце Седлоски на домашен терен ја пречекуваат Шкотска, во натпревар во кој желбата за позитивна реакција ќе биде еден од главните мотиви на националниот тим.