Француските власти наредија итна евакуација на целиот полуотокот Кап Фере на југозападот од земјата поради големиот пожар што брзо се шири. Стотици жители и туристи го напуштија популарното летовалиште со бродови и по патниот правец кон Бордо. Заради драматичната ситуација и ширењето на новите пожари во Франција, во гаснењето се вклучуваат и меѓународни противпожарни сили.
Представничката на француските власти во регионот Жиронд, Софи Брокас, утрово ја објави завршната фаза на евакуација на полуотокот Кап Фере. Локалното население доби насоки да го напушти подрачјето преку главниот пат што води кон Бордо, додека стотици луѓе беа евакуирани со бродови по морски пат.
More than 100 homes have been damaged by an out-of-control wildfire near Biscarrosse in southwestern France, officials said, as the blaze threatened additional residential areas and forced the evacuation of about 23,000 people. pic.twitter.com/i9DP7uG7JW
— Open Source Intel (@Osint613) July 24, 2026
Огнената линија брзо се прошири под влијание на силните ветрови и високите температури, загрозувајќи ги станбените објекти и туристичките камп-населби во ова познато летувалиште.
Поради обемот на стихијата и исцрпеноста на локалните ресурси, Франција побара меѓународна помош преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. На терен се испратени дополнителни противпожарни единици, а во акцијата за гаснење од воздухот се приклучуваат и специјализирани воздухопловни сили од Хрватска.
Службите за спасување продолжуваат да ги контролираат пристапните патишта и да обезбедуваат транспорт за сите што останаа во загрозената зона.