Портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, денес изјави дека од воведувањето на системот за контрола на влез и излез од Европската унија (ЕЕS), регистрирани се 110 милиони пристигнувања, а имало околу 44.000 одбивања, додека 1.100 лица биле означени како закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ.
На редовната прес-конференција на Европската комисија, Мерсие ги истакна предностите на системот EES, тврдејќи дека е очигледно оти безбедноста на европските граѓани е зголемена.
Тој потсети дека системот не се однесува на граѓаните на земјите-членки на ЕУ и додаде дека се вложени сите напори за ограничување на последиците за патниците надвор од Унијата.
Комисијата е во контакт со земјите-членки и им обезбедува целосна поддршка со цел да се решат евентуалните предизвици во имплементацијата на системот, рече тој.