Џенифер Барето од Порторико е крунисана за Мис Универзум 2026 на јубилејното 75. издание во Сан Хуан

Психологот и социјален работник стана првата мајка со оваа титула, носејќи ѝ ја на својата земја шестата круна во историјата на натпреварот.
Фото: By Puerto Rico Tourism Company - ¡PUERTO RICO HACE HISTORIA!🇵🇷👑, Public Domain, https://commons.wikimedia.org/wiki/Special:Redirect/page/203762992

27-годишната Џенифер Барето од Порторико е крунисана за Мис Универзум 2026 на јубилејното 75. издание на изборот за убавина, кое се одржа во вторникот вечерта во Сан Хуан. Барето е психолог по професија, а работи и како социјален работник. Таа со оваа титула е првата мајка која што освоила престижна титула. Со овој триумф, Порторико ја освои својата шеста титула Мис Универзум. Победничката круна ѝ беше врачена од страна на претходната победничка Фатима Бош од Мексико. Покрај Џенифер во првите петмина се пласираа и претставничките на Филипините, Нов Зеланд, Венецуела и Доминиканската Република. Со овој триумф, Порторико ја освои својата шеста титула Мис Универзум.

Патот на Барето до круната е интересен. Пред националниот избор во Порторико, таа никогаш не учествувала на натпревар за убавина, а својата убавина ја користела како платформа за прашања поврзани со нејзината професија. Таа е магистер по психологија и социјален работник, а од 2021 година работи за американската армија во Тексас како едукатор и кризен интервенционист, помагајќи им на жртвите на семејно насилство и обучувајќи лидери за превенција од самоубиства.На натпреварот, каде што учествуваа 117 делегатки, таа ги освои симпатиите на жирито со пораките дека вештачката интелигенција не смее да го замени она што нè прави луѓе, како и дека на денешните лидери им е најпотребно да ја слушаат заедницата.

„Жените не мора да се вклопат во еден совршен калап. Фокусирајте се на тоа да бидете незаборавни, а не совршени“, порача Џенифер.

Годинешното издание на Мис Универзум, кое го водеа Марио Лопез и Р’Бони Габриел, помина и во сенка на неколку контроверзии. Некои африкански натпреварувачки не добија визи за настап, Мис Франција се повреди на пробите, а на социјалните мрежи вирално се ширеа снимки од девојки кои се сопнуваат на импровизираната песочна писта.


Следното 76. издание на Мис Универзум повторно ќе се одржи во Порторико.

е-Трн да боцка во твојот инбокс