Директорот Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за спотот сниман во „Македониум“

Оставката следува по јавните реакции за снимањето на музичкиот спот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониум“

Директорот на НУ „Историски музеј“ – Крушево, Миха Оџаклиески, денеска поднесе неотповиклива оставка. Одлуката ја образложи како личен, морален и етички чин, со кој изразува одговорност кон институцијата и јавноста.

Оставката следува по јавните реакции за снимањето на музичкиот спот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониум“, споменик што е заштитено културно наследство.

Оџаклиески претходно потврди дека просторот беше отстапен на продукцијата за околу 500 евра, за користење од пет до шест часа. Тој објасни дека Управниот одбор донел одлука со која се овозможува отстапување на просторот за снимања со соодветен надомест.

Инаку потегот во „Македонуим“ да биде дозволено да се снима спот наиде на остра осуда не само од уметниците, туку и од пошироката македонска јавност, која сето ова го смета за непримерна комерцијализациј на културно историските споменици во државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс