Десетти смртен случај од западнонилска треска: Почина 70-годишен пациент

Пациентот на 70 годишна возраст 57 дена бил лекуван на Инфективна клиника и имал придружни болести, информира директорот Цана

Седумдесетгодишен пациент со западнонилска треска почина, со што бројот на смртни случаи регистрирани годинава во Македонија се искачи на десет, информираа здравствените власти.

Според директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, пациентот 57 дена бил лекуван на Инфективна клиника и имал придружни боелсти.

Последниот објавен неделен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се однесува на состојбата заклучно со 22 септември. Тогаш биле регистрирани 70 заболени, од кои 65 потврдени и пет веројатни случаи,

Податоците на ИЈЗ покажуваат дека 63 од 70-те дотогаш регистрирани заболени биле жители на Скопје. Кај 68 пациенти била утврдена невроинвазивна форма на болеста, односно зафатеност на нервниот систем, и сите биле хоспитализирани. На 11 август Центарот за јавно здравје Скопје пријавил епидемија во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.

Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Здравствените служби препорачуваат заштита од убоди и отстранување на застоена вода во која комарците се размножуваат

е-Трн да боцка во твојот инбокс