Од 9 часот прекини во Скопје: делови од градот без вода и струја

Прекините се најавени поради технички интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, а ќе траат до завршување на работите.

Делови од Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија поради технички интервенции и планирани активности на мрежите.

Од 9 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците на улицата „Димитрие Чуповски“, во центарот на Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради замена на вентил на водоводната мрежа. Без вода ќе бидат корисниците на потегот од улицата „Македонија“ до објектот на Министерството за правда, во реонот кај „Рекорд“.

Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршување на интервенцијата.

Прекини ќе има и во снабдувањето со електрична енергија во делови од општините Сопиште и Карпош.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, добиени од ЕВН Македонија, од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во селото Варвара, во општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на улицата „4“ во населбата Бардовци, во општина Карпош.

Од ЕВН посочуваат дека станува збор за планирани прекини поради технички активности на електродистрибутивната мрежа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс