Данска го продолжи воениот рок: Првите регрути заминуваат за Гренланд

Воената служба се зголемува од четири на 11 месеци, а данските регрути за првпат добиваат оперативни задачи на Арктикот.

Данска официјално го продолжи задржувањето на регрутите на воен рок од четири на 11 месеци, соопшти данското Министерство за одбрана. Новата мерка стапува на сила веднаш, а првата група регрути набрзо ќе биде стационирана на Гренланд. Со ова, Копенхаген го засилува своето воено присуство во арктичкиот регион во согласност со новите одбранбени стратегии на НАТО.

Продолжувањето на воениот рок е дел од поширокиот одбранбен пакет што Данска го усвои за модернизација на сопствените вооружени сили. Воените власти објавија дека првите пет месеци од службата ќе бидат посветени на основна воена обука, додека преостанатите шест месеци регрутите ќе извршуваат конкретни оперативни задачи.

Испраќањето регрути на Гренланд претставува клучен сегмент од новата стратегија за заштита на суверенитетот во арктичкиот појас. Данските вооружени сили соопштија дека војниците на Гренланд ќе поддржат локални патроли и поддршка на воената инфраструктура. Овој чекор е директен одговор на зголемениот геополитички интерес и безбедносните предизвици во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс