ЦУК: 17 пожари за едно деноноќие во земјава, еден сè уште под контрола

Во изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани 17 пожари на отворен простор, од кои 16 се изгаснати, а еден во Македонски Брод е под контрола, соопшти ЦУК.


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во изминатото деноноќие на територијата на државата биле регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, 16 пожари се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола, во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде биле зафатени борова шума и ниска вегетација.

Меѓу изгаснатите пожари се оние во повеќе општини низ земјата, вклучително Ѓорче Петров, Велес, Неготино, Богданци, Струмица, Босилово, Василево, Крива Паланка, Прилеп, Карбинци, Штип, Берово, Куманово, Брвеница и Кривогаштани. Во повеќето случаи горела ниска вегетација, а на одредени локации биле зафатени и депонии. Од ЦУК апелираат до граѓаните на внимателно однесување на отворено за да се спречи појава на нови пожари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс