Од Центарот за управување со кризи информираат дека на ден 08.07.2026 година, до 13:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно три пожари на отворен простор.
Според информацијата од ЦУК, нема активни пожари, еден пожар е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.
Под контрола е пожарот во општина Кратово, кај село Железница, каде горела депонија.
Изгаснати се два пожари: во општина Босилово, кај село Старо Балдовци, каде гореле ниска вегетација, овоштарник и жито, како и во општина Радовиш, кај село Калуѓерица, каде гореле ниска вегетација и ѓубре.
Од Центарот за управување со кризи апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во услови на високи температури и зголемен ризик од пожари на отворен простор.