Чадот од пожарите го затру воздухот во Скопје

Мерната точка во скопски Карпош регистрирала индекс на квалитет на воздухот од 155 US AQI, вредност која е означена како „нездрав“ воздух

Попладенво Скопје е поглопено од густ чад од пожарите што горат во околината на главниот град.

Тоа придонесе воздух за кратко време да стане екстремно загаден.

Според податоците прикажани на платформата IQAir, мерната точка кај NOVA International School Skopje 2 во 13 часот регистрирала индекс на квалитет на воздухот од 155 US AQI, вредност која е означена во категоријата „нездрав“ воздух.

На одделни места вредноста во одреден период стигна и до 170 US AQI

Како главен загадувач се наведуваат ситните ПМ2.5 честички. На оваа мерна точка нивната концентрација изнесувала 61 микрограм на кубен метар воздух.

е-Трн да боцка во твојот инбокс