Големи поплави во Авганистан: најмалку 20 загинати, над 100 лица исчезнати

Најмалку 20 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се водат како исчезнати по бујични поплави во авганистанската провинција Нуристан. Властите предупредуваат дека бројот на жртви може да расте.
Afghan boys and girls gather during a polio vaccination campaign in Kandahar on January 24, 2023.,Image: 751310782, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Sanaullah SEIAM / AFP / Profimedia

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 100 се водат како исчезнати по силни бујични поплави во провинцијата Нуристан, на североистокот на Авганистан, соопштија локалните талибански власти. Националната управа за управување со катастрофи соопшти дека најмалку 80 лица се повредени, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите во оддалечената планинска област на границата со Пакистан.

Најголема штета е пријавена во Парун, главниот град на провинцијата Нуристан, каде поплавите предизвикале „тешки материјални и човечки загуби“.

Портпаролот на гувернерот на Нуристан, Ферејдон Самим, изјави дека во Парун како исчезнати се водат 105 лица, меѓу кои и градоначалникот на градот. Главниот портпарол на авганистанската влада, Забихула Муџахид, потврди дека има загинати и голема материјална штета.

Климатските промени ја влошуваат кризата

Авганистан е меѓу земјите кои се најранливи на последиците од климатските промени. Експертите предупредуваат дека земјата во последните години се соочува со почести суши, но и со поинтензивни врнежи кои предизвикуваат разорни поплави.

Шефот на авганистанската Агенција за заштита на животната средина, Матиул Хак Хализ, претходно предупреди дека поплавите стануваат сè почести и дополнително ја продлабочуваат хуманитарната криза. Дополнителен фактор е уништувањето на шумите во Нуристан и други делови од земјата, што ја намалува способноста на почвата да ја апсорбира дождовната вода и ги зголемува последиците од буичните поплави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс