На 22 мај светот го одбележува Меѓународниот ден на биолошката разновидност, ден посветен на заштитата на природата, екосистемите и милионите растителни и животински видови без кои животот на Земјата не би бил можен. Темата за 2026 година е „Дејствувај локално за глобално влијание“, со фокус на локалните иницијативи и заштитата на природата во заедниците ширум светот.
Според податоците на Обединетите нации, дури еден милион животински и растителни видови во светот се соочуваат со ризик од исчезнување, главно поради климатските промени, загадувањето, уништувањето на шумите и прекумерната експлоатација на природните ресурси.
ООН предупредува дека три четвртини од копнените екосистеми и околу 66 проценти од морските средини веќе се значително променети од човековите активности. Но, и покрај глобалната криза, останува едно од најважните жаришта на биодиверзитетот на Балканот.
Македонија има исклучително богат растителен и животински свет на мала територија, од ендемски растенија и ретки пеперутки, до уникатни видови риби и цицачи кои не постојат никаде на друго место во светот.
Еден од најпознатите симболи на македонскиот биодиверзитет е балканскиот рис, кој се смета за еден од најзагрозените цицачи во Европа. Се проценува дека во дивината останале помалку од 50 единки, а најголемиот дел од нив живеат токму на територијата на Македонија. Посебно богатство претставува и едно од најстарите и биолошки најразновидни езера во светот. Во него живеат десетици ендемски видови, меѓу кои и охридската пастрмка, која со години е под закана поради прекумерен риболов и климатските промени.
Експертите предупредуваат дека заштитата на биодиверзитетот веќе не е само еколошко прашање, туку и прашање на здравје, храна и економска стабилност. Над 80 проценти од човечката исхрана потекнува од растенија, а милијарди луѓе зависат од природните екосистеми за вода, храна и енергија.
Меѓународниот ден на биолошката разновидност годинава испраќа јасна порака, глобалните промени започнуваат локално, а зачувувањето на природата зависи од секој поединец, институциите и заедниците.