Гренланѓаните излегоа на улица поради: „Се плашиме од САД“

Стотици жители на протестираа против зголеменото американско влијание и пораките на дека САД треба да го преземат островот.

Стотици жители на протестираа пред новоотворениот американски конзулат во главниот град, изразувајќи револт поради амбициите на за поголемо американско влијание врз островот. Протестот следуваше по посетата на специјалниот пратеник на Трамп за Гренланд,, кој првпат официјално престојуваше на островот.

Организаторот на протестот,, порача дека владата на Гренланд веќе јасно му кажала на Вашингтон дека островот не е на продажба.

„Нашата порака е дека ‘не’ значи ‘не’“, изјави тој.

Демонстрантите маршираа низ центарот на извикувајќи „Гренланд на Гренланѓаните“, а потоа симболично им го свртеа грбот на просториите на американскиот конзулат. Дел од демонстрантите отворено изразија страв од политиката на САД.

„Се плашиме од. Луѓето едвај почнаа да се опоравуваат од претходниот период, а во јануари сè почна повторно“, изјави демонстрантката, алудирајќи на изјавите на Трамп дека Америка треба да го „поседува“ Гренланд.

Политички бојкот на отворањето

Новата американска дипломатска мисија, која локалните жители веќе ја нарекуваат „Кулите на Трамп“, е значително поголема од претходниот конзулат и се наоѓа во центарот на градот. На отворањето присуствувал американскиот амбасадор во,, кој изјавил дека Вашингтон сака да го продлабочи партнерството со Гренланд.

Сепак, речиси сите гренландски политичари го бојкотираа настанот. Премиерот одбил да присуствува, а поканата ја одбила и пратеничката.

„Во овој момент е важно да испратиме порака“, изјавила таа.

Контроверзна посета на пратеникот на Трамп

Посетата на предизвика дополнителни тензии бидејќи тој пристигнал без официјална покана, додека траат чувствителни дипломатски разговори меѓу САД, Гренланд и Данска. За време на престојот тој се сретнал со премиерот, сегашни и поранешни министри за надворешни работи и деловни лидери.

Во интервју за локалните медиуми, Лендри дури сугерирал дека независен Гренланд би можел да има „подобра економија“.

На прашањето дали Трамп ќе ги почитува гренландските „црвени линии“ околу суверенитетот, тој одговорил:

„За нас постои само една линија. Таа е црвена, бела и сина.“

Американски воени интереси на Арктикот

САД со години ја нагласува стратешката важност на Гренланд за американската национална безбедност. Вашингтон бара поголемо воено присуство на Арктикот, а според извештаи, САД сакаат неограничен престој на американски сили на островот, како и право на вето за големи странски инвестиции со цел да се намали влијанието. Во петок американскиот државен секретар треба да се сретне со сојузниците од на самит во, каде што се очекува безбедноста на Арктикот да биде една од главните теми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс