Трамп го бара ураниумот: Нова размена на закани меѓу Иран и САД

Нова ескалација меѓу САД и Иран: Доналд Трамп порача дека Вашингтон ќе ги преземе и уништи иранските резерви на збогатен ураниум, додека Техеран предупредува на сериозни последици.

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД на крајот ќе ги преземат иранските резерви на високо збогатен ураниум и покрај пораките од дека Техеран нема да го предаде тој материјал.

„Ќе го преземеме. Не ни треба, не го сакаме. Веројатно ќе го уништиме кога ќе го преземеме, но нема да дозволиме тие да го задржат“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа во четвртокот, пренесе.

Според проценките на американските официјални лица, Иран поседува повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум, за кој Трамп тврди дека е затрупан по американските и израелските воздушни напади извршени пред речиси една година врз иранските нуклеарни постројки.

Хамнеи: Ураниумот мора да остане во Иран

Иранскиот врховен лидер,, претходно во четвртокот наредил збогатениот ураниум, кој е блиску до ниво за производство на нуклеарно оружје, да остане во Иран наместо да биде префрлен во странство како дел од можен договор за прекин на конфликтот меѓу САД, и Иран. Информацијата ја објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани високи извори од Иран.

Минатата недела Трамп сугерираше дека би можел да прифати можност околу 440 килограми високо збогатен ураниум да останат затрупани под иранските нуклеарни објекти погодени во американските воздушни напади минатата година.

ИРГЦ: Заканите на Иран треба сериозно да се сфатат

(ИРГЦ) објави соопштение во кое порача дека непријателите треба сериозно да ги сфатат заканите на Иран.

„По неуспешните напади на 13 јуни и 23 март, како и по пропаста на опсадата на 13 април, претпоставките на Белата куќа за лесни и брзи операции против Иран се покажаа како погрешни“, соопшти Разузнавачката организација на ИРГЦ, пренесе.

ИРГЦ наведе дека американските разузнавачки служби заклучиле дека „времето не работи во нивна корист“ и дека, за да избегнат дополнителна ескалација, мора сериозно да ја сфатат иницијативата и заканите на Иран.

Иран и САД сè уште не постигнале договор, изјавил висок ирански извор за Ројтерс, додавајќи дека сепак разликите меѓу двете страни се намалиле. Според истиот извор, меѓу главните спорни точки остануваат иранското збогатување ураниум и контролата на Техеран врз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс