По невообичаено студениот и дождлив мај, делови од Европа сега се соочуваат со нагол пресврт на времето и првиот посериозен топлотен бран оваа година. Според најавите, западна и југозападна Европа во следните денови ќе бидат под влијание на значително потопло време, проследено со брз раст на температурите. Најпогодени ќе бидат и, каде температурите на многу места ќе надминат 35 степени.
Локално, живата во термометарот може да се искачи и до близу 40 степени, што ќе биде првиот сериозен летен удар сезонава за овој дел од Европа.
Метеоролозите предупредуваат дека топлиот бран доаѓа по долг период на нестабилно и невообичаено студено време за месец мај, кога поголем дел од континентот се соочуваше со дождови, грмежи, силни ветрови и ниски температури. Во делови од Алпите имаше дури и врнежи од снег.
Сега, временската слика целосно се менува, а југозападниот дел на Европа прв влегува во вистински летен режим.