Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе сообраќаат бесплатно во текот на утрешниот ден за културната манифестација „Бела ноќ“, која започнува во 18 часот и трае до 3 часот по полноќ.
„Манифестацијата е предвидено да започне во 18:00 часот на 3 октомври, а да заврши во 03:00 часот на 4 октомври 2026 година. Бесплатниот превоз се обезбедува со цел да се овозможи непречено присуство на граѓаните на манифестацијата и нивно навремено враќање по завршувањето на програмата“ велат од ЈСП.
Од сообраќајното претпријатие повикаа граѓаните да ги остават автомобилите и на манифестацијата да се уптатат со јавен превоз.
Манифестацијата „Бела ноќ“ е организирана од ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, опфаќа паралелни програми на повеќе урбани точки: концерти на отворено, изложби во националните галерии, целовечерни диџеј-сетови и содржини за деца. Централните случувања се закажани на платото пред Националната опера и балет, во Градскиот парк и низ Старата скопска чаршија.