Апсења, водени топови и солзавец, нови насилни протести во Албанија

Полицијата во полна опрема за немири и носејќи штитови употреби водени топови против стотици демонстранти

Нови насилни протести се случија денеска во Албанија, а албанската полиција употребила водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлаа јајца и шишиња кон полицајците.

Повод за насилните протести се плановите на Џаред Кушнер за изградба на одморалиште вредно повеќе милијарди долари, јави Ројтерс.

Интензитетот на немирите пред парламентот за прв пат е толку висок по главни мирните протести што се одржуваат речиси два месеци во Тирана против она што активистите го нарекуваат корупција и закана за дивиот свет од развојните проекти на брегот на Јадранското Море.

Демонстрантите го нарекуваат своето движење „револуција на фламинго“ по птиците што се собираат во заштитено мочуриште каде што зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Кушнер, сака да изгради луксузни хотели.

Полицијата во полна опрема за немири и носејќи штитови употреби водени топови против стотици демонстранти кои ги тресеа оградите што ја опкружуваа зградата на парламентот.

„Ти благодарам Трамп што нè обедини“, скандираа демонстрантите.

Властите од своја страна соопштија дела пет полицајци се повредени, јави Албанија дејли Њуз.

Според полицијата, тројца полицајци од Полициската станица бр. 3 во Тирана и двајца припадници на елитната специјална полициска единица „Шќипоња“ беа однесени во Трауматолошката болница на лекарска помош откако се здобија со повреди додека беа на должност.

Повредените полицајци беа идентификувани од властите како Ќазим Хаџај и Баки Кулоли, кои претрпеа повреди на главата, и нивниот колега Заудин Торба, кој претрпе повреда на ногата. Арјан Цали, началник на единицата „Шќипоња“ во Драч, исто така, беше пријавен дека претрпел повреда на главата, додека Крешник Алиај, член на единицата „Шќипоња“ со седиште во Тирана, претрпел повреда на раката.

Прелиминарните информации објавени од полицијата велат дека полицајците биле повредени и за време на конфронтациите со демонстрантите, додека безбедносните сили се обиделе да одржат ред околу зградата на Парламентот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс