Средношлолката Ана Котевска, ученичка во гимназијата Јосип Броз Тито-Скопје освои прво место на Интернационалната олимпијада по Германски јазик ИДО 2024, која минатата недела се одржа во Гетинген, Германија.
Ана под менторство на Кристина Клиафа-Трпеска донесе прв златен медал за Македонија во категоријата Б2 ниво. Првото место (јазични нивоа А2, Б1 и Б2) го подели со натпреварувачи од Бангладеш и Узбекистан.
На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Ана Котевска учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.