Американските сили денес почнаа да се повлекуваат од нивната најголема база во североисточна Сирија, додека властите во Дамаск ја консолидираа контролата врз земјата, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани безбедносни извори.
Неколку десетици камиони, некои натоварени со оклопни возила, денес ја напуштија базата Касрак во областа Хасака.
Доколку има целосно повлекување од Касрак, американските сили ќе останат во базата Рмелан, во близина на границата со Ирак.
Касрак беше главна база за борба против организацијата Исламска држава повеќе од 10 години.
Се очекува повлекувањето од Касрак да трае околу еден месец.
Американските медиуми тврдат дека САД ги повлекуваат сите свои сили од Сирија, околу 1.000 војници.