Американските разузнавачи истражуваат наводна кинеска шпионка поврзана со Енвидија

Поранешната директорка на сингапурската компанија „Мегаспид интернешнл“, Алиса Хуанг, наводно била во љубовна врска со Џенсен Хуанг, поранешен директор на Енвидија. Американските служби ги истражуваат наводите за нејзина поврзаност со шпионажа.

Американските разузнавачки служби истражуваат наводи за кинеска шпионка Алиса Хуанг, поранешна директорка на сингапурската компанија „Мегаспид интернешнл“, која наводно била во љубовна врска со Џенсен Хуанг, поранешен директор на технолошката компанија Енвидија. Ова го изјави директорот на Националната разузнавачка служба на САД, Џеј Клејтон, посочувајќи дека Енвидија постојано е мета на обиди за нелегално прибавување на нејзините најнапредни чипови, за кои постои голема побарувачка ширум светот.

„Чиповите на Енвидија се вистински драгоцености, апсолутно најдобрите, и сите ги сакаат“, изјави Клејтон во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, пренесува „Блумберг“.


Засега не се објавени дополнителни детали за истрагата, ниту информации што би ги потврдиле наводите за шпионажа и наводната врска на Хуанг со поранешниот директор на Енвидија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс