Бугарија ќе побара одобрение од парламентот за сместување до осум американски авиони цистерни во воената база Безмер, изјави премиерот Румен Радев денес на годишната конференција на бугарските амбасадори во Софија. Претходниот план авионите да останат во цивилниот аеродром во главниот град беше повлечен по политички противречности.
Одлуката авионите да се сместат во аеродромот во Софија беше донесена без претходно одобрение на парламентот. Тоа предизвика политички спорови во земјата, а авионите ја напуштија таа локација минатиот месец.
„Проблемот беше во тоа што војните авиони беа сместени во цивилен аеродром во непосредна близина на Софија. Затоа на нашите сојузници им предложивме користење на воени аеродроми”, рекол Радев. Воената база Безмер се наоѓа околу 260 километри југоисточно од Софија.
САД и Иран ги засилија меѓусебните напади откако привремениот договор за прекин на огнот, потпишан во јуни, пропадна. Тоа ја зголемува можноста за враќање кон сеопфатен судир.