Американска војска уништи брод во Пацификот, три лица се убиени

Американската војска соопшти дека во напад во источниот Пацифик е уништено пловило, при што се убиени три лица. Вашингтон тврди дека се работи за операција против наркокриминалци, додека организации за човекови права ја доведуваат во прашање законитоста на нападите.

Американската војска соопшти дека во напад на пловило во источниот Пацифик се убиени три лица, во рамки на операција која Вашингтон ја опишува како дел од борбата против нарко-криминални групи. Според соопштението на американското јужно командување, во акцијата се убиени „три мажи нарко-терористи“, а ниту еден американски војник не е повреден.

Иако е објавена снимка од нападот, американските власти не дадоа детали за тоа на која организација припаѓале лицата на пловилото, ниту презентираа дополнителни докази за тврдењата дека се работи за шверцери на дрога. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп во последните месеци интензивира напади врз пловила за кои тврди дека се користат за шверц на дрога и дека се поврзани со таканаречени „нарко-терористички“ организации.

Организации за човекови права, меѓу кои Human Rights Watch и Amnesty International, ја доведуваат во прашање законитоста на ваквите операции, оценувајќи дека тие би можеле да претставуваат вонсудски егзекуции. Според податоците, најновиот напад го зголемува бројот на загинати во ваквите акции на американската војска на најмалку 211 лица откако започнала оваа кампања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс