Ако денес патувате за Грција – избегнувајте го овој период: Четири часа ќе има застој на границите

Патувате за Грција? Денес од 5 до 9 часот грчките цариници штрајкуваат, а возилата ќе се пропуштаат на секои 10 минути. Очекувајте долги задржувања на граничните премини.

Возачите кои денеска планираат да патуваат кон Грција треба да сметаат на значителни задржувања на граничните премини поради штрајк на грчките царински службеници.

Според најавите, цариниците ќе штрајкуваат од 5:00 до 9:00 часот, а во тој период трите гранични премини меѓу Македонија и Грција ќе работат со ограничен режим. Возилата ќе се пропуштаат на секои 10 минути, што може да предизвика долги колони и повеќечасовни чекања. На патниците им се препорачува, доколку се во можност, да го избегнат патувањето во овој временски интервал и да тргнат по 9 часот, кога се очекува нормализирање на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги преземе сите неопходни мерки и дека ќе бидат ангажирани сите расположливи човечки и технички капацитети за да се олесни протокот на патници и возила

е-Трн да боцка во твојот инбокс