Search

Јуни беше најтоплиот месец досега во светот

Јуни беше најтоплиот месец досега во светот и 13-ти месец по ред со рекордно високи температури, покажуваат последните податоци објавени од службата за климатски промени Коперник на Европската унија.

Според нивните податоците, месецот бил 1,50°C над проценетиот просек и ова е 12-ти последователен месец за достигнување или надминување на прагот од 1,5°C.

Според Парискиот договор, земјите се согласија да ја задржат долгорочната глобална просечна температура на површината далеку под 2°C над прединдустриските нивоа и да продолжат со напорите да ја ограничат на 1,5°C до крајот на овој век. Научната заедница постојано предупредува дека затоплувањето на повеќе од 1,5°C може да доведе до многу посериозни влијанија во делот на климатските промени и екстремните временски услови и затоа секој дел од степенот на затоплување е важен.

Дури и сегашното ниво на глобално затоплување, веќе има разорни влијанија врз климата. Тие вклучуваат поекстремни топлотни бранови, екстремни врнежи од дожд и суши, намалување на ледените плочи, морскиот мраз и глечерите како и забрзување на порастот на морското ниво и загревањето на океаните.

„Во јуни имавме широко распространети и продолжени топлотни бранови во многу земји, со големи влијанија врз сите аспекти од животот на луѓето. Ова беше дури и пред традиционалниот пик на летото на северната хемисфера. Рекордните температури на површината на морето предизвикуваат голема грижа за виталните морски екосистеми и тие исто така обезбедуваат енергија за тропските циклони со супер полнење – како што видовме со ураганот Берил“, велат експертите.

Според нив, дури и ако оваа специфична серија на крајности да заврши во одреден момент, ние сигурно ќе видиме дека се уриваат нови рекорди додека климата продолжува да се загрева. Ова е неизбежно, освен ако не престанеме да додаваме стакленички гасови во атмосферата и океаните. Европските температури беа најнадпросечните над југоисточните региони и Турција и блиску или под просекот над западна Европа, Исланд и северозападна Русија.

Надвор од Европа, температурите беа најнадпросечни над источна Канада, западниот дел на САД и Мексико, Бразил, северен Сибир, Блискиот Исток, северна Африка и западниот дел на Антарктикот.

Температурите беа под просекот над источниот екваторијален Пацифик, што укажува на развој на Ла Ниња, но температурите на воздухот над океанот останаа на невообичаено високо ниво во многу региони.

Обемот на мразот на арктичкото море беше 3% под просекот, блиску до вредностите забележани повеќето години од 2010 година.

Обемот на морскиот мраз на Антарктикот беше 12% под просекот, втор најнизок степен за јуни во сателитски податоци, зад најниската јунска вредност од -16% забележана во 2023 година.

Најново

Последни колумни