Патување со пријателите, билет за омилен фестивал, нови патики или едноставно кафе без постојано пресметување на трошоците. Тоа се работите за кои размислуваат младите, а токму на тие потреби одговара новата програма Zipp Club од Комерцијална банка, наменета за лица до 30 години.
Наместо класичен банкарски пакет, Zipp Club нуди целосно дигитално искуство приспособено на современиот начин на живот, комбинирајќи финансиски услуги, попусти, награди и општествена одговорност.
Во рамки на програмата корисниците добиваат Zipp Mastercard картичка изработена од еко-пластика, достапна во два различни дизајна. Со секое плаќање се собираат поени преку програмата BonusBox, кои можат да се искористат за кешбек или ваучери, а дополнителни попусти се овозможени кај партнерите означени како Zipp Spots.
Пакетот вклучува бесплатна платежна сметка и дигитално банкарство, како и бесплатни налози за плаќања поврзани со студентските обврски, како што се уписи, партиципации и издавање потврди. Достапни се и современи решенија за плаќање преку Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay, како и услугите „Плати на пријател“ и „Подели сметка“.
За младите кои често патуваат, програмата нуди и дополнителни поволности, меѓу кои пристап до повеќе од 1.500 аеродромски VIP зони низ светот, како и попусти за одредени услуги поврзани со патувања. Членовите добиваат можност и за учество на едукативни настани посветени на менталното здравје, финансиската писменост и личниот развој.
Дополнителен мотив се наградните игри и предизвици преку кои може да се освојат патувања, билети за концерти и други награди.
Покрај бенефициите за корисниците, Zipp Club има и еколошка и општествена компонента. За секој активиран пакет, Комерцијална банка засадува дрво во рамки на иницијативата „Боренка“, која се реализира во соработка со Сојузот на извидници на Македонија. Членовите на клубот, пак, имаат можност да гласаат за проекти од јавен интерес кои ќе добијат финансиска поддршка од банката.
Програмата може да се активира онлајн преку мБанка, Интернет банка или со електронска идентификација преку OneID, како и во експозитурите на Комерцијална банка. Користењето е бесплатно за невработените лица, додека за вработените месечниот надоместок изнесува 30 денари.