2027 година носи предизвикувачки астролошки влијанија за четири хороскопски знаци. Проблемите што со години се одложувале повторно ќе излезат на површина, а најголем притисок ќе се чувствува во деловните односи, финансиите и приватниот живот. Пред нив е период на поголема одговорност, непријатни конфликти и одлуки со долгорочни последици.
Астролошката слика на 2027 ќе ја обележат Сатурн и Нептун во Овен, Плутон во Водолија и низа затемнувања. Марс ќе биде ретрограден од 10 јануари до 1 април, па почетокот на годината ќе биде потежок за спроведување планови и започнување нови работи. Прстенестото затемнување на Сонцето ќе се случи на 6 февруари во Водолија, целосното затемнување на Сонцето на 2 август во Лав, а затемнувањето на Месечината на 17 август повторно ќе ја активира Водолија.
Рак: притисок на работа, семејни обврски и тешки одлуки
Раковите во 2027 ќе мора многу повеќе да внимаваат на професионалните обврски, односите со претпоставените и сопствената сигурност. Сатурн во Овен формира квадрат со Ракот, што е еден од традиционално најтешките аспекти. Одговорностите што порано биле поделени меѓу повеќе луѓе сè повеќе би можеле да паднат на нивни плеќи.
Раковите што се незадоволни од работата ќе мора сериозно да ги разгледаат своите можности. Секоја промена на работата бара темелна подготовка, а поголемите финансиски обврски внимателна проценка. Нептун носи ризик од нејасни договори и ветувања за напредување што не се реални, па ќе биде важно да се потпираат на проверени информации.
Ниту семејството нема да остане настрана. Прашањата за заедничките финансии, домувањето и поделбата на обврските во домот ќе бараат сериозни разговори. Меркур ќе биде ретрограден од 10 јуни до 4 јули, што е време за преиспитување на семејните договори и недоволно разработените планови.
Олеснување носи втората половина од годината, кога Јупитер на 26 јули влегува во Девица и формира поволен аспект со Ракот. Тоа ќе им помогне во комуникацијата, учењето и наоѓањето практични решенија. Најголема лекција за Раковите ќе биде подобро да ја распоредат енергијата и да престанат да ги исполнуваат очекувањата на сите други на сметка на своите потреби.
Скорпија: Плутон отвора чувствителни прашања, а врските се под лупа
Скорпиите ќе бидат под силно влијание на Плутон во Водолија, кој во модерната астрологија се смета за нивен владетел. Најмногу ќе го почувствуваат Скорпиите родени кон крајот на октомври и почетокот на ноември. Овој транзит ја активира сферата на домот, семејството, недвижностите и личната сигурност.
Прашањата за имотот, заедничкото домување, семејните финансии и грижата за постарите членови на семејството би можеле да станат многу посложени. Скорпиите што планираат селидба или купување недвижност треба внимателно да ги проценат сите финансиски и правни обврски.
Во љубовта најголем предизвик ќе биде довербата. Скорпиите имаат силна потреба од емоционална сигурност, но тешко се справуваат со ситуации во кои немаат целосна контрола. Дополнителен притисок носи Јупитер во Лав до 26 јули, кој е поврзан со преголеми очекувања и превземање повеќе одговорности отколку што околностите дозволуваат.
Септември носи уште еден напнат период, кога Марс на 2 септември влегува во Скорпија, а на 9 септември формира квадрат со Плутон. Тогаш треба да се избегнуваат одлуки донесени од бес или потреба по секоја цена да се докаже своето. Скорпиите што се подготвени на компромис постепено ќе ги стабилизираат околностите, додека тврдоглавоста само ќе ги продолжи конфликтите.
Водолија: затемнувањата и Плутон носат големи животни одлуки
Водолиите ќе бидат меѓу знаците со најизразени астролошки влијанија во 2027. Плутон ќе транзитира низ нивниот знак цела година, а трите затемнувања на оската Лав-Водолија дополнително ќе ги нагласат личните одлуки, партнерствата и долгорочните планови. Сè поизразено ќе биде незадоволството од работата или од врските во кои немаат доволно простор сами да одлучуваат.
Првата голема проверка доаѓа на 6 февруари, со прстенестото затемнување на Сонцето во нивниот знак. За некои Водолии ова ќе биде период на размислување за промена на професионалната насока. Меркур ќе биде ретрограден од 9 февруари до 3 март, па претходните одлуки и недовршените разговори повторно ќе бараат внимание.
Во љубовта значајна улога има Јупитер во Лав, кој носи нови познанства, но ги нагласува и разликите меѓу личните желби и очекувањата на другите. Водолиите што избегнуваат разговори за заедничката иднина би можеле да се соочат со поголеми барања од партнерите. Август, со затемнувањата на 2 и 17 август, ќе биде клучен месец за сериозни разговори.
Поволен аспект носи 15 јуни, кога Уран во Близнаци формира трин со Плутон во Водолија, што поттикнува иновации и прилагодување на промените. Најголем предизвик за Водолиите ќе биде да најдат рамнотежа меѓу потребата за независност и одговорноста кон блиските.
Вага: љубовта, бракот и деловните партнерства бараат сериозни одлуки
За Вагите главните предизвици во 2027 ќе бидат поврзани со односите со другите луѓе. Сатурн и Нептун цела година ќе бидат во Овен, спротивниот знак на Вагата, што силно ги нагласува партнерствата, бракот и договорите. Вагите обично сакаат да ја зачуваат хармонијата, но овој пат тоа нема секогаш да биде доволно.
Во врските каде што едната страна постојано попушта, ќе биде неопходен отворен разговор за очекувањата и иднината. Нептун носи ризик од идеализирање на партнерот, особено кај Вагите родени на почетокот на знакот, па ќе биде важно да се гледаат делата, а не само ветувањата. Слично важи и за деловните договори за пари и поделба на одговорностите.
Од 15 јули Марс влегува во Вага и ја зголемува потребата за пoодлучна акција. Октомври ќе биде еден од најтешките месеци, бидејќи Меркур е ретрограден од 7 до 28 октомври, а на 15 октомври полната Месечина во Овен е блиску до ретроградниот Сатурн. Вагите што се подготвени отворено да разговараат и подеднакво да ги поделат одговорностите ќе имаат многу поголеми шанси за долгорочна стабилност.
