Живот на Месечината до 2030? Почнува трката за новата „лунарна економија“

Компании и експерти најавуваат први бази на Месечината до 2030 година. Како ќе изгледа животот таму и кој ќе ја контролира новата вселенска економија?

Човештвото се приближува до нова историска пресвртница, живот и работа на Месечината веќе не се научна фантастика, туку реална цел за крајот на оваа деценија. Според водечките луѓе од индустријата, првите функционални бази би можеле да се појават веќе до 2030 година, отворајќи ја вратата за т.н. „лунарна економија“.

Овие прогнози доаѓаат во време кога инвестициите во вселенскиот сектор достигнуваат рекордни нивоа, а глобалната конкуренција – предводена од држави и приватни компании, станува сè поинтензивна.

Од мисии до населби

Според Дилан Тејлор, директор на Voyager Technologies, луѓето би можеле да стапнат на Месечината во втората половина на 2020-тите, со постепено воспоставување на бази.

Во почетната фаза, тие би биле едноставни, надувувачки структури со основни системи за одржување на живот. Но веќе на почетокот на 2030-тите, сценариото станува поамбициозно: постојано човечко присуство.

Тејлор дури предвидува дека околу 2032–2033 година, од Земјата би можело да се забележат светла на Месечината симболичен знак дека таму навистина се живее и работи.

Нова економија надвор од Земјата

Овој развој не е само научен, туку и економски. „Лунарната економија“ се очекува да опфати експлоатација на ресурси, изградба на инфраструктура, вселенски туризам и научни истражувања

САД во моментов имаат водечка позиција во комерцијалниот вселенски сектор, но конкуренцијата расте, што ја забрзува динамиката на инвестиции и иновации.

Приватниот сектор ја води трката

Компании како SpaceX, предводена од Илон Маск, веќе размислуваат за излегување на берза, додека паралелно развиваат амбициозни планови за изградба на самoodржлив град на Месечината во наредната деценија.

Во исто време, Blue Origin најави пауза на туристичките летови за да се фокусира на долгорочно присуство на Месечината сигнал дека приоритетите се поместуваат од краткорочни профити кон стратешка инфраструктура.

Што значи ова за иднината?

Доколку овие планови се реализираат, човештвото ќе влезе во нова фаза – каде што вселената не е само поле за истражување, туку и за економска експанзија.

Но, ова отвора и нови прашања: кој ќе ги контролира ресурсите на Месечината, какви закони ќе важат надвор од Земјата и дали ова ќе ја продлабочи нееднаквоста меѓу државите?

Јасно е дека „трката за Месечината“ веќе започна и овојпат, не станува збор само за престиж, туку за економска доминација во иднината.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни