Во Битола е конституиран Совет за женско претприемништво, со цел поттикнување на бизнис иницијативи кај жените.
Во Битола е формиран Совет за женско претприемништво, со кој ќе претседава Моника Марковска, доктор по менаџмент, додека за нејзина заменичка е избрана Павлина Василевска, дипломиран економист.
Членките на Советот ги поздравија градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, кои ја истакнаа важноста на ваквите иницијативи за локалниот развој.
„Со вашите активности и иницијативи претставувате силен поттик за помладите генерации да започнат сопствен бизнис, да се охрабрат и да останат во градот, што е мотив за сите нас“, порача градоначалникот Коњановски.
Советот веќе утврди програма за работа за 2026 година, со фокус на поддршка на женското претприемништво и создавање нови можности за економски развој.