Земјотресите во Венецуела однесоа над 3.300 животи, илјадници повредени

Бројот на загинати во силните земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, додека десетици илјади се повредени или останале без дом, соопштија официјални извори.
epa13070215 People line up to receive donations in La Guaira, Venezuela, 27 June 2026. EPA/Henry Chirinos

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела пред околу една и пол седмица се искачи на 3.342 лица, покажуваат најновите официјални податоци. Претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригес, соопшти дека околу 16.740 лица се повредени, додека повеќе од 17.000 луѓе останале без домови.

Силни потреси и огромни разурнувања

Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени се случиле на 24 јуни, по што следувале бројни послаби последователни потреси. Најтешко погодена е крајбрежната област Ла Гуаира, каде што е причинета значителна материјална штета.

Уништување на инфраструктурата

Според властите, уништени се околу 190 згради, а уште 856 објекти се тешко оштетени, меѓу кои и неколку болници. Дел од мостовите и патиштата сè уште се непроодни, што сериозно ги отежнува спасувачките операции и испораката на хуманитарна помош. Спасувачките екипи од Цивилна заштита на Венецуела, со поддршка од меѓународни тимови, и натаму трагаат по преживеани под урнатините на срушените објекти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс