Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе Грција, а сеизмичките вибрации биле почувствувани и во југозападниот дел на Македонија.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил регистриран во 8:47 часот, со епицентар на 140 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и околните населени места со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала. Од Опсерваторијата ги повикуваат граѓаните кои го почувствувале потресот да ги споделат своите информации за полесно следење на сеизмичката активност.
