TikTok во јануари 2025 година достигна околу TikTok 1,59 милијарди месечно активни корисници, што претставува 19,4% од светската популација и 28,6% од сите интернет корисници. Иако платформата бележи глобален раст од околу 2% на годишно ниво, најголемиот дел од новите корисници доаѓаат од Југоисточна Азија и Јужна Америка.
Најбрзорастечки пазари
Во Латинска Америка, TikTok има околу 177 милиони корисници, најмногу во Бразил и Мексико. Во Азија-Пацифик регионот се регистрирани околу 298 милиони корисници, при што водат Индонезија и Филипини.
Раст се забележува и во Африка, особено во Египет и Нигерија, каде сè повеќе млади луѓе пристапуваат до интернет преку мобилни мрежи.
Најголеми пазари по сообраќај
Иако има регулаторни ограничувања, САД останува најголем пазар на TikTok со над 21% од вкупниот сообраќај на платформата. По него следуваат Бразил, Индонезија, Мексико и Виетнам, кои заедно генерираат повеќе од една третина од сите посети.
Експертите издвојуваат неколку причини: доминација на паметни телефони како главен начин за пристап до интернет, младо население во многу земји во развој, локализирани трендови (музика, танц, хумор, lifestyle содржини)и висока ангажираност – корисниците поминуваат многу време во апликацијата.
Во некои земји од Блискиот Исток, како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, бројот на пристапи дури го надминува бројот на жители поради користење повеќе уреди. TikTok со тоа останува една од највлијателните социјални платформи во светот и клучен двигател на глобалните дигитални трендови.