Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не е подготвен да ја заврши војната и дека подготвува нова мобилизација во Русија по парламентарните избори закажани за 21 септември, додавајќи дека мобилизацијата ќе вклучи од 300.000 до 500.000 војници.
„Според нашите разузнавачки информации, тој сака да ја зголеми мобилизацијата“, изјави Зеленски за британската телевизија „Скај њуз“.
Украинскиот претседател изјави дека мобилизацијата нема да биде јавно објавена, бидејќи рускиот претседател се плаши од реакцијата на јавноста. Тој додаде дека оваа мобилизација би можела да започне на почетокот на октомври.
Зеленски ги повика украинските партнери да воведат „целосни санкции“ против Москва и да ги зголемат тешкотиите со кои се соочува Русија во секторите за логистика, оружје и снабдување со гориво.
Украинскиот претседател смета дека голем дел од руското општество сè уште е против понатамошна мобилизација и дека многу Руси исто така не ја одобруваат војната, но мнозинството продолжува да го поддржува Путин.