Како бомба одекна резултатот 0:0 на репрезентацијата на Зеленортски острови против фаворитот Шпанија.
Малата африканска нација ги освои симпатиите на светот со дисциплинирана и пожртвувана игра и со одличните одбрани на голманот Вознања.
Но освен огромниот бод што го овоија, Зеленортските острови поставија и нов рекорд на Светските првентства.
Станува збор за статистички факт што се бележи од СП 1966 односно наназад 60 години.
Вчера, на мечот против Шпанија, Зеленортските острови имаа само еден единствен досуден фаул, и тој прекршок, направен од Сидни Лопес Кабрал во првото полувреме, беше казнет со жолт картон.
Тоа е убедливо најмал број на фаули што една репрезентација има направено на едно Светско првенство од 1966 година наваму.