Најновата анкета на „Внимание“ е на студентскиот театарски фестивал „Скомрахи“, кој се одржува во Скопје под мотото „Дали ни е гајле?“: Еве што ни кажаа посетителите на прашањето „Дали ти е гајле?“: „Се помалку“, „Зависи од денот, брат, некој ден ми е гајле, а некој ич не ми е гајле, а треба да ни е гајле“. Интересни одговори добивме и на прашањето – „Замисли, се будиш утре и сфаќаш дека на никој не му е гајле за ништо – што прво ќе направиш?“ – „Тоа е страшно, веројатно ќе почне да ми е гајле и мене“, „Ќе ограбам една банка и частам другари“, „треба да најдеме начин како да ни е гајле, во сето тоа безгајлие…“.
А еве што и кажаа младите за нивните приоритети во ноќниот живот – кафана или клуб? – „Комбинација од двете е најбоље…“, „Клуб, можеш да го заборавиш светот и проблемите што ги имаш…“, „Клуб – нема кафана ко што сакам јас…“, „Клуб, секогаш клуб – клуб е за млади, кафана е за стари“. Ја разрешивме и трилемата – подиум, сепаре, или шанк? – „Подиум, секогаш подиум…“, „Подиум, пошто таму има навеќе интеракција…“, „Апсолутно подиум, журката е на подиум, се друго е маска и камуфлажа“, „Подиум, ама може и сепаре, ако е добро друштво“, „Подиум, треба да се забранат сепариња и коњопои во клуб, клуб е да идеш да играш и да бидеш свој…“.
Кои се култни места кои им фалат на младите
во Скопје, и места во кои денес уживаат? „Балет…“, „Ми фали добра музика, тоа е сменето…“, „Па нема, многу поише ми зависи од друштвото“, „Убаво си поминувам секогаш кога сум со мое друштво, без разлика на тоа каде сум“, „Тоа го барам и ја, мислам дека го нема…“.
